Прескокни до содржината

За Нас

Нашата визија е јасна: ДАТАКОМ да биде симбол за интернет и телевизија од новото дигитално време со домашен печат, по светски стандарди – дигитални, брзи и иновативни.

Нашата приказна

Фер и модерен оператор, со 100% домашен капитал

ДАТАКОМ како бренд официјално постои од 2019 година, но нашата приказна започна и порано – со визија и упорност да изградиме фер и модерен оператор. Од првиот ден работиме со 100% домашен капитал, црпејќи сила од успешните македонски приказни и верувајќи дека и кај нас може да се создаде телекомуникациска мрежа по светски стандарди.

Нашата мисија е јасна: да овозможиме брз и квалитетен интернет, транспарентен и без ограничувања. Веруваме во дигитална иднина – што помалку хартија, а што повеќе гигабајти.

  • 2019

    ДАТАКОМ официјално како бренд

  • 100%

    домашен капитал

  • 10 Gbps

    први интернет од 10 Gbps за дома

  • 2024

    почеток на ТВ услугата

Нашите достигнувања

  1. 01

    Интернет и на недостапни места

    Први овозможивме интернет на недостапни места – со безжични решенија стигнавме таму каде што беше незамислива поголема брзина од старите бакарни парици.

  2. 02

    Неограничен безжичен интернет без договор

    Први понудивме неограничен безжичен интернет без договор – особено за студентите, кои со години беа приморани на скапи пакети со „ситни букви“ и долги обврски. Ние го преземавме ризикот, а тие конечно добија фер услуга.

  3. 03

    10 Gbps интернет во домашни услови

    Први донесовме 10 Gbps интернет во домашни услови – поставувајќи нов стандард за целата индустрија.

  4. 04

    ТВ услуга од 2024

    Во 2024 ја воведовме ТВ услугата – со целосна програмска шема и постојано дополнување со нови канали.

Нашата филозофија

Сопствен софтвер, сопствени иновации

Нашата филозофија отсекогаш е иста:

корисникот треба да биде задоволен од услугата, а не врзан со договори и пенали.

Можеби звучи како фалење, но горди сме што голем дел од нашето работење е изградено врз сопствен софтвер – за менаџирање, мониторинг, наплата и секојдневна поддршка на корисниците.

Користиме и сопствени иновации во преносот на сигнал, со што ја зголемуваме стабилноста и брзината на услугите.

Зад нас стојат генерации задоволни студенти, семејства и компании што ни ја даваат својата доверба. Постојано инвестираме во мрежа, технологии и луѓе, за да носиме нови решенија и да останеме чекор пред времето.

Интернет без ситни букви

Изберете пакет што ви одговара или контактирајте нè – ќе ви помогнеме да го најдете вистинскиот.